8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Мицкоски: Ќе се однесувам со почит и кон Љубчо Георгиевски и кон Никола Груевски, без оглед на тоа колку сме далечни или блиски во ставовите

Ќе има работа, но и одговорност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски од Велес, на прославата на која партијата одбележа 34 години постоење. Мицкоски пред членството вети дека новата Влада наместо со штетни договори, ќе ја води Македонија напред со многу труд, борба со криминалот и корупцијата и достоинствен живот за сите граѓани. „Немаме сто дена, ниту грејс период… Не може никој од вас да има приватни бизнисни и да води институции – порача Мицкоски.

-Во изминатиот период кога се договараше оваа влада внимателно ги следев оние пораки од одредени политички центри од новата опозиција дека премногу им се дало на коалицијата Вреди што е ноторна измислица, замислете тие кои коленичеа во Речица кои 7 години беа главни измеќари на ДУИ нам кои повративме најмалку три четвртини од позициите кои ги изгубија ни велат дека сме дале премногу. Се додека албанските и другите коалициони партнери работат по закон и во интерес на државата ќе бидеме еднакви партнери во Владата, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати повик и до СДСМ за национално единство за најважните државни прашања, им посака побрзо да се консолидираат во успешна опозиција и покрај длабоката поделеност во партијата кажа дека во него имаат партнер за иднината на државата.

-Им подавам рака за македонско национално единство за сите важни прашања за државата. Посакувам да ги надминат огромните проблеми и да седнеме на маса да разговараме за иднината на нашата татковина. Секако ова никако не треба да го сфатат како амнестирање од одговорноста за криминалите, но значи дека во нив ќе гледам партнер со кого имаме одговорност поради сегашните и идните генерации да работиме на создавање на единствени државни позиции кога станува збор за суштинските прашања од важност за Македонија, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ според Мицкоски во изминатите 34 години имала многу светли моменти кои ги направиле горди, но имало и моменти кога се грешело и кои нанесувале штета. Но, како актуелен претседател кажа дека ќе се однесува со еднаква почит кон секој претходен претседател на ВМРО-ДПМНЕ – и кон Љубчо Георгиевски и кон Никола Груевски, како што рече без оглед на тоа колку се далечни или блиски нивните ставови со она што е ВМРО-ДПМНЕ денес

поврзани објави

Последни објави