8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

ТРИ ЖЕНИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО НЕЗГОДАТА КАЈ ТЦ МАВРОВКА Автобус се заби во жардиниера

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус излета од коловозот и се заби во жардиниера.

Од Итната медицинска помош за МИА потврдија дека се повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош се пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.

На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна.

Засега не е познато како дошло до несреќата и дали во моментот на ударот имало патници во возилото

поврзани објави

Последни објави