4.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Кривична пријава за поранешната в.д. организациска директорка на Клиниката за токсикологија

За лицата, наводно работно ангажирани, Иљази ретроактивно за април и мај 2024 година издала два платни налози и извршила исплата на месечен надомест на 31.5.2025 и 14.06.2024 за наводниот работен ангажман во вкупен износ од 659 781 денари со вклучен персонален данок на доход

Бесија Иљази, поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија, доби кривична пријава под сомнение дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата што ги имала и ја оштетила установата за износ од 659 781 денари.

Иљази, како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица, пречекорувајќи ги своите службени овластувања на 15.05.2024 склучила 15 договори за дело со 15 лица кои биле работно ангажирани на Универзитетската клиника за токсикологија, но и со други лица кои биле без регулиран правна основа за нивно присуство на клиниката.

За лицата, наводно работно ангажирани, Иљази ретроактивно за април и мај 2024 година издала два платни налози и извршила исплата на месечен надомест на ден 31.5.2025 и 14.6.2024 за наводниот работен ангажман во вкупен износ од 659 781 денари со вклучен персонален данок на доход.

Од МВР велат дека наведените исплати се извршени противправно, за период кога со истите лица клиниката немала склучено договори за дело и за период на избори.

„Исплатите биле извршени спротивно на наведените законски одредби, при што за наведените исплати бил пресметан и исплатен персонален данок во износ од 23 334 денари за април и 42 647 денари за мај 2024 година, со што пријавената Б.И. ја оштетила ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија за вкупен износ на извршените исплати со платен данок од 659 781 денари, овозможувајќи им противправна имотна корист на претходно наведените лица во поединечни износи како претходно наведените месечни плаќања“, се наведува во соопштението од МВР.

Иљази, иако знаела дека истиот ден кога е назначена за в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија, распишани се претседателски и парламентарни избори, како и дека согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик, како и Закон за здравствена заштита таа не смее да склучува договори за вработување на лица, договори за дело на работно ангажирање на лица, како и вонредни исплати за време на избори. Таа знаела и дека истите за да бидат употребени во правен промет задолжително треба да бидат потпишани од двајца директори, таа сепак склучила 15 договори за дело.

поврзани објави

Последни објави