На 15.07.2024 во 11.20 часот во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со З.О.(45) од неготинско село, поради сомнение дека измамил 54-годишна жена од Демир Капија.
Според пријавеното, тие се договориле З.О. да изведува градежни работи кај неа, за што во февруари оваа година му исплатила 100.000 денари, но до моментот на пријавување не ја завршил договорената работа. По документирање на настанот, против З.О. ќе биде поднесена соодветна пријава.