11.8 C
Skopje
Friday, February 14, 2025

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ГО ДОСТИГНА ИСТОРИСКИОТ МАКСИМУМ Следниот врв е 2.500 долари, прогнозираат експерти

Цената на златото утрово на берзите се искачи на 2.478 долари за унца, што се смета како историски највисока цена на овој благороден метал. Експертите во наредниот период очекуваат цената на овој благороден метал да се искачи и над 2.500 долари за унца.

Причина за ваквиот раст на цената на златото, според аналитичарите е тоа што инвеститорите очекуваат да се намалат каматните стапки во светот

-Вреди да се забележи фактот дека златото наоѓа поддршка во различни услови оваа година. Не сме сигурни како ќе се движи цената во наредните месеци, но може да се надмине над нивото од 2.500 долари за унца – изјави Вивек Дар, стратег во австралиската Комонвелт банка.

поврзани објави

Последни објави