6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

ФОТО: Груевски и Димитриев во Малта

Конгресот во Малта го отвори претседателот на Европската Народна Партија Жозеф Дол, а говореше и генералниот секретар на ЕПП Истурих. Тие во своите обраќања се осврнаа од важноста за продолжување на иницијативноста на Европската Унија и јакнење на нејзините капацитети.

На конгресот свое обраќање имаше премиерот Емил Димитриев.

„Со успешно менаџирање со границите и  исклучително хуман пристап, демонстриравме активна и проактивна улога директно  помагајќи на нашите пријатели од ЕУ во справувањето со овој голем хуманитарен,  социјален и безбедносен предизвик, за кој и во следниот период е потребна координирана  акција. Ризиците се реални и опасноста не е помината“, изјави Димитриев.

Премиерот Емил Димитриев посочи дека Македонија  докажа дека е лојален партнер на кој може да се потпре Унијата и кога Македонија може да  биде еден од столбовите и на браникот на европските интереси, подеднакво важно е да биде и дел од  стратешките планови и дел и од семејството на Европската Унија.

„Со ова уште повеќе се  покажува потребата и значајноста за членство на Република Македонија во Европската Унија што е наша стратешка цел како држава, нешто што е од интерес и на нашата земја но и на европското и евроатланстко семејство, нешто што ќе  гарантира безбедност на регионот но и сигурно трасирање на економски и  политички сестран развој“, изјави Емил Димитриев.

Тој нагласи дека единствената ориентација на Република Македонија  останува членството во ЕУ и НАТО.

Премиерот Емил Димитриев беше придружуван од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој оствари билатерални средби со повеќе политичари кои се дел од семејството на Европската народна партија.

Груевски остварил средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, со Јанез Јанша од Словенија, со домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта,  претседателот на Националната партија на Малта Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Смид и други политичари и влијателни луѓе од политичкиот естаблишмент на европско ниво.

поврзани објави

Последни објави