Од Америка сè уште нема одговор на барањето за правна помош во предистрагата за „Соравиа“ и за Дрин Ахмети, ни одговорија денеска од обвинителството, откако КОД на Телма пред две недели објави дека од Далас во Тексас во два наврати во март и април стигнале четири и пол милиони долари на сметка на фирмата „Тхор“ на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети. Парите ги уплатил сопственикот на стриптиз бар со потекло од Ресен, Ник Назар Мехмети, кој и лани уплатил три милиони евра. Предистрагата ги проверува трансакциите кои се движеле кон Австрија каде е и сопственикот на деловниот центар „Соравиа“, пишува Телма.
Од друга страна, МВР поднесе кривична пријава според која Дрин Ахмети и неговиот брат Бесиан Ахмети, дипломат во Брисел, се осомничени за неплаќање на концесиии за ископ на минерални суровини во вредност од 27.000 евра.
Денеска од ВМРО-ДПМНЕ потсетија на детали од пријавата со која се опфатени и осомничени и петмина вработени во министерството за економија и во Инспекторат за техничка инспекција, затоа што не го контролирале плаќањето на концесијата од страна на фирмата „Еверест ЏД“, браќата кои се внуци на лидерот на ДУИ.
Извор Телма – целиот линк и вест можете да ја прочитате на Телма ОВДЕ