19.8 C
Skopje
Sunday, September 8, 2024

Дводневна посета на Тошковски во Србија: Унапредување на соработката меѓу македонската и српската полиција!

Во рамки на дводневната посета на Република Србија, денеска остварив билатерална средба со српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

На средбата, разговаравме за унапредување на соработката помеѓу двете министерства во областа на граничната соработка, борбата со организираниот транснационален криминал, како и заеднички обуки меѓу полиции.

Му се заблагодарив на српскиот колегата Дачиќ за гостопримството, размената на искуства и практики со цел уште подобра соработка како министерства и полиции.
Истакнав дека за нас е од круцијално значење, заеднички да делуваме против криминалните групи, со цел да можеме да се справиме со организираниот криминал. Разговаравме и за подобрување на соработката во делот на граничните премини. Оценивме дека можеме да ја подобриме фреквенцијата на возила на граничниот премин. Се договоривме да формираме една работна група која и претходно постоела и се надеваме дека за краток временски период ќе даде резултати кои ќе ги доведат граничните проверки на една позиција, а не на две како што е сега. Во превод, да го примениме „one stop“ системот, за проверка на нашите државјани.

Заедно со колегата Дачиќ, како дел од одличната соработка на двете полиции е договоривме четири српски полициски службеници за време на месец август да бидат присутни во регионот на Охрид, каде има голем број српски државјани како туристи.

Се сложивме дека соработката помеѓу министерствата и двете полиции мора да биде подобра од соработката помеѓу криминалните групи и дека напорите за унапредување на соработката во сите сегменти како две соседни пријателски држави ќе продолжи и ќе се унапредува.

поврзани објави

Последни објави