3.8 C
Skopje
Tuesday, February 18, 2025

Муцунски го разрешува Бесиан Ахмети: Внукот на Али Ахмети е тргнат од функција една година пред да му истече мандатот

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски го прекина договорот на Бесиан Ахмети кој е внук на контроверзниот лидер на ДУИ, Али Ахмети. Бесиан досега ја извршуваше функцијата прв сектретар во македонската амбасада во Брисел. Муцунски немилосрдно, една година пред предвиденото го прекина неговиот договор и го враќа во Скопје. Ваквата одлука следува по откривањето на негова вмешаност во злоупотребата на концесија на рудник кај Кичево.

Внукот на Али Ахмети, Бесиан Ахмети досега е познат на македонската јавност. Тој е внук на Али Ахмети, а брат на „познатиот“ Дрин Ахмети којшто на само 23 години имаше милионски капитал и стана сопственик на ТЦ „Соравија“.

Бесиан Ахмети заедно со брат му Дрин Ахмети се сомничи за злоупотреба на концесија на рудник кај Кичево. Предизвикале штета од 1,6 милион денари, а тој се соочува со правни последици со уште седум други лица кои претежно работеле во министерството во економија. Тие не ги плаќале обврските од фирмата и постапиле спротивно на Законите за минерални суровини и концесија.

Тогаш опозициската, а сега владејачка ВМРО-ДПМНЕ уште од стапувањето на функција го „чешла“ потрфолиото на Бесиан Ахмети и укжаува за многу нелогичности при доделување на истото.

Бесиан Ахмети незаконски станал дипломат во Брисел. Одеднаш рипнал три скалила и со само 10 месеци стаж стапил на оваа функција се добива со многу труд. Во продолжение пренесуваме кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ги соопшти контроверзиите при неговото вработување.

Бесиан Ахмети на 16.05.2022 година е вработен во Министерството за економија, на работна позиција Помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали, за 10 месеци подоцна на 16.03.2023 година да биде именуван за Прв секретар во амбасадата во Брисел.

Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, на кој се пријавил, и работното место од економија го заменил со тоа во МНР.

Извор: Лидер

поврзани објави

Последни објави