МНР донесе одлука за негово повлекување по барање испратено од министерот за економија Бесар Дурмиши, во чие министерство Бесиан е вработен од 2022 година, а според министерот тој во рок од една година колку што и престојувал во Брисел нема постигнато никакви резултати.
Бесиан Ахмети бил испратен во Брисел во 2023 година со 4 годишен мандат, но наместо до 2027, тој во земјава треба да се врати следниот месец.
„На барање на министерството за економија и труд, МНР вчера донесе решение со кое на Бесиан Ахмети му завршува мандатот како прв секретар во Амбасадата во Брисел.“- МНР.
Во меѓувреме против Бесиан Ахмети и неговиот брат Дрин Ахмети, МВР поднесе кривична пријава, за злоупотреба со концесија за минерални суровини. Според пријавата, станува збор за концесијата која ја добила фирмата Еверест ЏД, во која актуелниот дипломат во Брисел Бесиан Ахмети бил директор до 2017-та, а потоа на негово место доаѓа неговиот брат Дрин Ахмети, а тие ја оштетиле државата за 27 илјади евра, кривични има и за седдумина други, дел службеници од министерството за економија, дел од државниот инспекторат за техничка инспеција, кои според пријавата на МВР го овоможиле прекршувањето на законите. Доцна синоќа се огласи Дрин Ахмети кој тврди дека од 2016 до 2024 година фирмата ги има подмирено сите давачки, и апелираа до МВР да ги проверат исказите во нивната истрага.
Од власта и денеска повикаа на одговорност.
„Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи.“-изјави Миле Лефков – ВМРО – ДПМНЕ.
Во меѓувреме, од засега непознати причини на 6 август на консултации во МНР е повикан и македонскиот амбасадор во Романија, Андерј Жерновски.
Освен Жерновски, на консултации во МНР досега беа повикани и амбасадорот во Обединетите Нации, Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во Рим, Весел Мемеди, а по пописот во Албанија, на консулатции беше повикан и Данчо Марковски, но откако вината била лоцинара во претходното раководство на МНР во Скопје, кое не презело мерки за надминување на проблемите, тој се врати во Тирана да го заврши мандатот