Откако премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно на прес-конференција обелодени дека имале информации кои укажувале на планот на ДУИ за дестабилизација, попладнево реагираа од партијата на Али Ахмети.
Од ДУИ велат дека ќе ги преземат сите демократски мерки за да го спречат понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали.
„ДУИ како државотворна партија е гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата. Без да ги коментираме политичките спинови и блефови, сакаме да појасниме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи за заштита на легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и албанскиот народ во Северна Македонија“, велат од ДУИ.3
Што се однесува до како што велат „неоснованите обвинувања за прекршување на законот“, ДУИ уште еднаш ги повикуваа политичките партии на проверка на сите носители на јавни функции со меѓународна помош.
„Само така ќе престане блефирањето, ловот на вештерки и злоупотребата на борбата против корупцијата за политички цели“, велат од партијата.