21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Ковачки: Мицкоски ќе биде најдобар премиер досега, Македонија ќе биде земја на горди граѓани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во интервју за нашиот портал вели дека верува дека премиерот Христијан Мицкоски ќе покаже најдобри резултати споредбено со сите негови претходници.

Во продолжение ви го пренесуваме тој дел од интервјуто:

ПOГЛЕД: Дали верувате дека Христијан Мицкоски како премиер и владата која што ја предводи може да ги надмине досегашните успеси на своите претходници и да се издвои како човек кој направил многу за Македонија и македонскиот народ?

КОВАЧКИ: За да се натпреваруваш со некој, тогаш и другиот мора да е од истата лига или да се споредуваш со некој мора да е барем приближно како тебе. Тоа е двете екипи од прва лига да се натпреваруваат, па да излезе едниот подобар од другиот.
Но, овде имаме сосема различна ситуација. Претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ на спортски жаргон кажано е излезена и од трета лига, бидејќи беа тотална катастрофа, потонати во криминал и корупција, кој од кој полош дали бил Зоран Заев, Димитар Ковачевски или пак Али Ахмети. Сега имаме Влада предводена од човек со принципи, вредности, кој е чесен и вреден, и кој повторно ќе се изразам на спортски жаргон, е прволигаш и секогаш е во друштво на најдобрите. Така што верувам дека премиерот Христијан Мицкоски ќе направи и многу повеќе од тоа што го ветил, но и од сите претходници.

Неговата визија и приоритет е македонскиот народ да живее пристојно и достоинствено, како што заслужува, а Македонија да биде земја на горди и достоинствени граѓани, рамо до рамо со останатите европски држави во која владеат законите, има ред и поредок, безбедна држава во која секој поединец ќе се чувствува сигурно и заштитено.

Сепак, граѓаните мора да имаат трпение, бидејќи Владата затекна многу лоша состојба создадена од претходната Влада која се однесувала недомаќински и нетранспарентно во однос на трошење на народните пари.

поврзани објави

Последни објави