3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Воената операција на Турција „Еуфратски штит“ заврши успешно

Турскиот премиер Бинали Јилдирим прогласи крај на воената операција „Еуфратски штит“ на турската војска во Сирија, јави ТАСС.

Во интервјуто за телевизијата „НТВ“ турскиот премиер нагласи дека операцијата била успешна и довела до воспоставување на целосна контрола врз градот Ел Баб.

Тој наведе дека ако во иднина се наложи нова турска воена операција, таа ќе биде различно именувана.

Јилдирим појасни дека евентуалната нова воена операција може да биде подготвена и реализирана „како против групата Исламска држава“ така и во случај на појава за закани за националната безбедност на Турција.

За „успешното завршување на операцијата“ претходно соопшти и Советот за национална безбедност на Турцја.

Според официјалното соопштение на Советот, целта на операцијата била „спречување на напади и закани од страна на ИД, создавање на можност за враќање на Сиријците во нивната земја и обезбедување на услови за безбеден и мирен живот за нив“.

Операцијата „Еуфратски штит“ започна на 24 август 2016 година.

Според првичните информации, турските војници се уште остануваат на сириската територија.

поврзани објави

Последни објави