13.8 C
Skopje
Friday, May 23, 2025

БОРА ЧОРБА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОПЕРИРАН, продолжува борбата за живот на фронтменот на Рибља чорба

о последните денови неколку словенечки портали ја пренесоа веста за тешката здравствена состојба на Бора Ѓорѓевиќ, за чиј живот, според нив, лекарите бијат сериозна битка.

– Бора Ѓорѓевиќ е хоспитализиран на Клиничкиот центар во Љубљана поради тешко воспаление на белите дробови! Бора е на респиратор, неговата состојба е сериозна! Фронтменот на Рибља Чорба е на респиратор, лекарите не можат да го оперираат – дел од насловите во тамошните медиуми.

Во сите споменати текстови може да се прочитаат изјавите на менаџерот на групата, Бане Обрадовиќ, за неговата здравствена состојба, како и објавата на групата на Фејсбук дека на Бора му се забранува патување.

Во текот на вчерашниот ден Обрадовиќ потврди дека Ѓорѓевиќ бил интубиран.

– Состојбата на Бора е непроменета, тој е интубиран. Се уште не е правена никаква интервенција, тој лежи во болница. Белите дробови се уште му се во многу лоша состојба, сите се надеваме на најдоброто, изјави неговиот менаџер.

поврзани објави

     

Последни објави