19.8 C
Skopje
Sunday, September 8, 2024

Игор Југ: Изборите ги добивте на основа на емпатијата и почитта која народот ја има кон нас и нашата мака

Игор Југ, осуденик во случајот „27 април“, потсетува дека тој е се уште во затвор, а откако, пред доаѓањето на власт, претседателката Гордана Силјановска-Давкова вети помилување. Тој смета дека за сегашната Владата излегле на гласање 50% од лицата кои верувале во заложбата дека политичките осуденици ќе бидат надвор од решетките.

„Денес 2 пати им ги исчистив лајната на кучињата, 4 пати им сменив вода, ги исчешлав сите, со Мали и со Били направив тренинг од по 30 минути, им сварив храна на кучињата, ги нахранив. Се прибрав во 22 часот, а да, уште сум во затвор, сее заборавив…

Ова се моите работни успеси со кои можам да се пофалам. Не објавувам на ‘Фејсбук’ слики со странски дипломати, со домашни високи политичари и министри од Владата, немам слики кај што седам на скапи работни бироа и за сликање, да глумам дека нешто многу важно работам.

Работам по дожд, по кал, по сонце, во прашина, мене никој важен не ме посетува, затоа и не морам да напишам “Голема благодарност до “Рајко и Трајко” кои денес беа во посета на дрн, дрн, мрн, а јас ги пречекав…

Не можам да се пофалам со цифри кои ресорот кој го водам ги постигнал, со спроведени акции и исполнети рокови, ниту пак дека сум ги платил моите вработени, моите работници и јас работиме гратис. Може само да кажам дека Бета е скучна и имаме мали кутриња.

Тоа е поради фактот што јас и ден денес уште сум затвореник, а тие што се фалат со успеси се функционери, раководни органи на високи функции.

Но има уште еден факт!

Тие ќе станеа функционери кога ќе си го видев тилот, да не ја добија половината од гласовите на народот заради тоа што народот гласаше за нас од ‘27 Април’, гласаше за наша слобода, не за нив, за нив добри 50% што ги гласаа немаше ни да излезат на гласање!

Не го заборавајте овој факт, господа тазе функционери!!!

Изборите ги добивте на основа на емпатијата и почитта која народот ја има кон нас и нашата мака!

Не ги добивте на основа на вашите големи заслуги и “орање на теренот”, не ги добивте од страна на матуфите, партиските принцези и членовите на вашите семејства кои ги изначукавте по управни одбори, ги направивте локални директори, советници, ги унапредивте на повисоки и подобро платени функции, ги изначукавте по министерства…

И немојте да мислите дека ви верував кога ми раскажувавте приказни, како вие ништо не знаете, како немате појма дури ни за вашата иднина и вашиот статус.

Знаевте се, месеци однапред, знаевте дури и кои ќе ви бидат чистачки, портири и шофери, имавте се договорено и поделено, само јас не требаше да знам, зошто јас сум робијаш, вечното лошо момче, терсен карактер, немам влакна на јазикот, за мене немаше место во вашите однапред направени дилови, ви беше страв дека нешто ćе ви барам, ćе ви ги расипам долгорочните планови.

Лоши глумци сте “господа”, провидни!

А јас нема да ве оставам на мира, не спијте на тоа уво. Не одлежав јас 7 години за да ви ќутам!!!

А ќе одлежам и уште 10 ако треба, ама по своето ќе дојдам, заслуженото ќе го добијам, јас го заслужив!

За разлика од вас, на мене никогаш ништо не ми е подарено, секогаш и заслуженото ми е ускратувано, но овој пат нема да биде така!“, напиша Игор Југ.

поврзани објави

Последни објави