fbpx
16.8 C
Skopje

Министерот Лутфиу на регионална конференција во Котор

АКТУЕЛНО

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу учествувал на регионална конференција во Котор, Црна Гора, на тема „Финансирање на високото образование: Примена на стратешката визија“.

„Целта на конференцијата беше да ја олесни размената на знаења помеѓу високите функционери на владите на различните држави за најновите новини и ветувачките практики за приближување на стратегиите за финансирање на високото образование со специфичните цели на политиката“, соопшти Министерството за образование и наука.

Конференцијата била организирана од Светската банка во соработка со Министерството за образование на Црна Гора и учествувале и претставници од министерствата за образование и за финансии од Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Грузија, Летонија и Украина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -