Додека биле пожарите станувал во 4.30 наутро, е сега благодарение на дождот кој ги угаси, поспива докај 6 часот.
Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, во поткастот на Стефан Лазаров, зборува за својот секојдневен живот.
Секој ден, откако ќе испие кафе со сопругата, а потоа таа заминува на работа, тој секое утро вежба. Сабота и недела, пак, со сопругата одат да пешачат или на планина.
За време на пожарите, 40 дена, немал услови да оди во теретана, и правел импровизирани тренинзи дома.
„Теговите се рѓосани малку бидејќи ги чувам на тераса, ама се одлични. Имам и бенч клупа, лента за трчање, а во спалната имам и мултифункционална справа, со сајли и со се, практично дома имам мини теретана“, вели генералот.
„Во емисијата на Стефан Лазаров зборувам за моето секојдневие. Малку вежбање, состаноци и летање, многу штети од пожарите со апел за внимателност особено до помладите кои повеќе го следат Лазаров, син ми Марко свири на гитара, јас ги хранам рипчињата во аквариум, итн“, го објави Ангелов поткастот на својот фејсбук профил.