18.8 C
Skopje
Monday, September 9, 2024

Од ноември нови правила за влез во ЕУ за земјите оа Западен Балкан, ќе се плаќа

Влезот во ЕУ, плус земјите на Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се дел од Шенген системот, ќе имаат посебни протоколи за влез на граѓаните на земји кои не се дел од ЕУ, објави Радио Слободна Европа.

Системот за влез и излез беше воспоставен 2017 година, а имплементацијата е одложувана неколку пати. Патниците од земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ, мора да аплицираат онлајн за дозвола за влез, со плаќање на надоместок од седум евра.

Пасошите од нашата земја се биометриски, чиповите содржат отпечатоци од прсти и фотографии и се целосно усогласени со условите што ги бара ЕУ за земјите од Западен Балкан да добијат безвизен режим.

При првото пополнување на апликацијата, патникот внесува лични податоци, електронска пошта и телефонски број, како и детали од патната исправа. Патниците треба да платат и дополнителна такса од седум евра, која се плаќа со платежна картичка.

Плаќањето се врши како и секое купување преку Интернет. Таксата нема да ја плаќаат лицата под 18 и над 70 години. „Групна“ апликација нема да биде возможна, односно во случај на семејно патување, секој член ќе мора посебно да аплицира за ETIAS.

Системот ETIAS ќе биде достапен на јазиците на земјите-членки, вклучувајќи го и хрватскиот, а системот ќе прифаќа само латински букви. Патникот исто така ќе треба да внесе детали за образованието и тековното вработување, како и детали за планираното патување и престој во земјата на ЕУ. Исто така може да побараат каде ќе биде сместен патникот во земјата.

поврзани објави

Последни објави