16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

ЕТЕ СЕГА НЕМА ДА МОЖАМ ДА СПИЈАМ Северина даде збор дека нема да доаѓа во Србија сѐ додека Вучиќ е на власт, па доби одговор од Брнабиќ

Поранешната српска премиерка и сегашна претседателка на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, го коментираше задржувањето на пејачката Северина на српската граница, при влез во Србија.

Потоа пејачката коментираше дека нема повеќе никогаш да дојде во Србија, сѐ додека е Вучиќ на власт.

Многу ми е жал што нема да дојде Северина во Србија, како што таа кажа, додека „диктаторот Вучиќ е на власт“. Сега нема да можам да спијам – коментираше собраниската спикерка.

Северина се пожали дека на границата со Србија била испитувана два часа, и дека ја прашувале што мисли за Јасеновац, Туѓман, па дури и ја прашале зошто ги поддржува протестите за ископ на литиум, по што кажа дека ја сака Србија, но дека никогаш повеќе нема да дојде таму додека на чело на земјата е актуелната власт.

поврзани објави

Последни објави