6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Богоев: Со блокадата на Собранието ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите (ВИДЕО)

Претседателот на СДММ и пратеник од редовите на СДСМ уште еднаш до јавноста објасни со што се хранат студентите во студентските денови, воедно обвинувајќи дека за оваа криза виновни се од ВМРО-ДПМНЕ, кои го блокираат собранието и не дозволуваат да се избере претседател на законодавниот дом.

„Еве, вчера што јадеа студентите во студентскиот дом Стив Наумов. Студентите јадат бајат компир и евтина, недоварена виршла, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат да се добие нова Влада. Со блокадата на Собранието ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите. Да имаше нова Влада студентите денеска ќе имаа квалитетна храна и нормални услови во студентските домови. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се последната брана, пречка на патот на правдата, диригирани од Груевски, од плажите на Малта. Апелирам уште еднаш, престанете со силување на Парламентот, оставете ја Македонија да дише слободно! Оној што згрешил – ќе мора да одговара!“, порача Богоев.

Со блокадата на Собранието ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите

Со блокадата на Собранието ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите. Да имаше нова Влада студентите денеска ќе имаа квалитетна храна и нормални услови во студентските домови #ВладаЗаЖивот

Posted by Stefan Bogoev on Thursday, March 30, 2017

поврзани објави

Последни објави