16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

А бе што не му кажа на Заев: Зоки а бе кај е бројчаникот? (ВИДЕО)

Зошто Славјанка јавно не зборувала и не ги критикувала своите сопартијци, зошто немала издвоено мислење во јавноста многу порано, за кого мисли дека ја довел СДСМ во заробена партија како што самата напиша, но и многу други интересни прашања во поткастот „На кавга со Иван“.

Кој беше заробувачот на партијата, може ли да го дефинираме и погодиме, читаме меѓу редови, мала држава сме, па еве ме интересира дали имаш храброст да кажеш дека тоа е Венко Филипче?

Фејсбук статусот на политичарите е искажување на став во одреден момент. Профилот не ми е хакнат, веројатно ако било така, ќе изреагирав. Тоа беше кажано вечерта на денот на изборите. Јас кажав како процес дека има заробување. Јас го пишав тоа и веројатно знам на што сум мислела. Од заробена држава добивме заробена партија. Се однесуваше на процеси и состојби.

Сопартијците ми кажаа дека си го кажала ова за Филипче и Заев. Така те доживуваат, еве јас ти кажувам…

– Луѓето кои не само што прочитале, туку коментирале со мене, знаеле на што се однесувало. Тоа е за процеси кои што не се транспарентни.

Но да не се лажеме, тоа беше во момент кога се случува избор на претседател на партија, не си била под импресии за избор на претседател на куќен совет во твојата зграда, така?

– Се знаеше на што се однесува. Тие луѓе кои што го велат тоа, тие луѓе лажат!

Еве сега ќе ти прочитам една твоја изјава, некако си му чудна, те сметам за храбра дама. Еве вака викаш: Причините поради кои СДСМ изгуби си ги наброила следниве, а тоа е

Бројчаникот за вратени и украдени пари не се постави, јавноста беше сведок на изигрување на правдата, бегство на Груевски кое остана неразјаснето без никој да поднесе одговорност, неказнивоста на министрите и директорите кои предизвикуваа скандали, немање учебници на почетната година, скандали поврзани со Боки Тредичи, случајот Рекет. Што се случи со тоа „нема правда, нема мир“. Е сега кога ти го прочитав ова, јас ќе ти кажам меѓу редови на кого си алудирала.
Бројчаник за Зоран Заев, Радмила Шеќеринска итн итн, за правда Бојан Маричиќ, Тупанчевски, Рената, за бегството на Груевски веројатно на Оливер Спасовски, неказнивоста на министри и директори пример Васко Ковачевски, немање свидетелства, сликање со Боки 13 итн итн.. ова го кажуваш во 2024 год, убаво си го набројала и сметам дека си во право. Веројатно би додал многу работи, но дали ти излезе да им кажеш на овие луѓе порано, зошто не му кажа на Зоки, а бе што правиме со бројчаникот, зошто не му кажа на Оливер, а бе на тебе ти избега Груевски пред очи или на некој друг во МВР?

– Да дообјаснам. Пред повеќе од година дена, сигурно има повеќе од година дена, ова што сум го напишала, јас го кажав како дел од мојата дискусија на централниот одбор на партијата.

Дел од поткастот на „Кавга со Иван“ каде што гостуваше Славјанка Петровска, екс министерка за одбрана од СДСМ, која доби многу интересни прашања од страна на домаќинот. Погледнете ја емисијата во продолжение:

поврзани објави

Последни објави