16.8 C
Skopje
Tuesday, September 17, 2024

Градежниците се претераа. ЦЕНИТЕ НА СТАН ВО СКОПЈЕ 2-3.000 ЕВРА! Вредат ли за тие пари?

Цените на градежните материјали имаат многу мало намалување објави Државниот завод за статистика, но од друга страна има раст на трошоците за работниците во градежништвото. Иако во Македонија платите се ниски, сепак, градежниот сектор не покажува знаци на стагнација, ниту пак знаци за намалување на цените на недвижностите.

– Во второто тримесечје од 2024 година, во споредба со првото тримесечје од 2024 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,1 отсто, трошоците за материјали за 0,7 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 1,2 отсто – наведуваат статистичарите, но од друга страна многу поголеми се разликите ако се прави споредба на годишно ниво.

Имено, во споредба со вториот квартал 2023 година трошоците за материјали за 11,8 проценти, но трошоците за вработените се повисоки за 5,8 отсто.

Последните податоци на Народната банка пак покажаа дека цените на недвижностите во Скопје се зголемиле за високи 11,5 проценти во вториот квартал од годинава.

Цените на недвижностите во Македонија по почетокот на пандемијата, но особено по почетокот на војната во Украина значително пораснаа, што се должеше и на растот на цените на градежните материјали, но и на поскапувањето на работата рака.

По интензивниот период на поскапување на недвижностите, кој започна во четвртиот квартал од 2021 година, но продолжи и низ 2022 одина, лани беа забележани први знаци на стагнација на цените на недвижностите.

Владата ќе обезбеди средства за водоводи и канализации во повеќе општини, изградба на колекторот Трпејца, помош за земјоделците

поврзани објави

Последни објави