12 жители на Кочани биле утрово околу 2 часот по полноќ биле приведени откако полицијата ги пронашла во подрум додека нелегално се коцкале.
Од поради сомневање за сторено кривично дело „комар“ од слобода биле лишени С.А.(35), А.К.(32), И.М.(44), М.П.(33), Д.Д.(30), К.З.(36), З.М.(43), М.П.(35), П.Е.(28), В.Д.(37), О.В.(46) и Г.С.(34), сите од Кочани.
„При извршениот претрес биле пронајдени и одземени пари, мобилни телефони и чипови. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, велат од полицијата.
Инаку полициските службеници од Кочани дејствувале по претходна наредба од Основен суд Кочани.