10.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Марија Шерифовиќ била на диета поради снимање, па завршила во болница: Мислев дека ќе умрам

Во првата недела од ригорозната диета, пејачката успеала да ослабне дури три килограми, а потоа изела, како што вели, многу добра мекица и настанале проблеми.

„Бев на исклучително строга диета 22 дена пред почетокот на снимањето на спотовите. Дојде на ред првиот спот што го снимавме Матија Цвек и јас за песната „Пола сунца“, а тогаш нашите пријатели испратија кетеринг и тие имаат многу добри мекици. Изедов една и си дојдов дома. Заспав некаде околу 23 часот, а околу еден по полноќ ме разбудија страшни стомачни болки. Повраќав и сѐ што оди со тоа и отидов во Итна помош“, се сеќава пејачката за Блиц.

Рекла дека завршила на инфузија и дека за некои делови од таа ноќ воопшто не се сеќава. „Не знам ни што ми направија, тоа беше можеби еден од најтешките денови во мојот живот. Мислев дека нема да преживеам”, рекла Марија.

Потсетуваме, во декември минатата година Марија Шерифовиќ го доби своето прво дете, синот Марио. Детето на пејачката го носела сурогат мајка, а целата бременост била чувана во строга тајност.

Неодамна таа гостуваше во шоуто Ami G Show и за прв пат проговори за биолошкиот татко на нејзиниот син. Таа рече дека нема да го открие идентитетот на таткото, бидејќи во тој случај може да биде казнета. „Тоа се работи за кои не можам и не смеам да зборувам поради сите потпишани договори, бидејќи никогаш не се знае дали некој ќе го преведе ова, а потоа таткото ќе ме тужи за десет милиони долари, можеби и повеќе“, објаснила тогаш и додала: „Тој е одлично момче, Европеец“.

поврзани објави

Последни објави