18.8 C
Skopje
Monday, September 9, 2024

МИЦКОСКИ ВЛЕЗЕ ВО КНИЖАРНИЦА ЗА ДА ГИ ПРОВЕРИ ЦЕНИТЕ НА ШКОЛСКИОТ ПРИБОР „Намалувањето е очигледно, мерките даваат резултати“

МИЦКОСКИ ВЛЕЗЕ ВО КНИЖАРНИЦА ЗА ДА ГИ ПРОВЕРИ ЦЕНИТЕ НА ШКОЛСКИОТ ПРИБОР „Намалувањето е очигледно, мерките даваат резултати“

Најновите мерки на Владата ги даваат своите резултати, набавката на училишниот прибор сега е поекономична за македонските семејства, напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски, објавувајќи фотографии со новите цени на тетратките, моливите, ранците…

„Цените на училишниот прибор се значително намалени, што го олеснува товарот на родителите и овозможува секое дете да тргне подготвено на училиште.

Семејствата, пак, ги чувствуваат позитивните ефекти бидејќи со намалените цени се овозможува повеќе средства да останат за други важни животни потреби.

Еве само неколку примери од продавниците каде цените веќе се прилагодени за да одговорат на новите правила.

Со ова, илјадници семејства ќе можат полесно да го подготват училишниот прибор без да се грижат за високите трошоци“, напиша Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави