20.8 C
Skopje
Monday, September 9, 2024

Во сабота се слави многу важен празник – една работа е најстрого забранета, никако не треба да се прави

Кога овој голем апостол бил распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнале неговото тело и чесно го погребале во оловен ковчег.
Но, бидејќи на неговиот гроб се случувале многубројни чуда, особено исцеленија на болни, поради што и се ширело христијанството, незнабошците го зеле ковчегот со моштите и го фрлиле во море.

Во исто време фрлиле и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј.

Но, по Божја Промисла ковчезите не потонале, туку носени од водата допливале до брегот и тоа: Акакиевиот во градот Аскалус, Григориевиот во Калабрија, Лукијановиот во Месин, Папијановиот на друга страна во Сицилија, а Вартоломеевиот на Липарските острови.

Агатон со клирот и народот излегле на брегот и го дочекале ковчегот со голема радост.

Во народот се верува дек на овој ден може лесно да се настрада, па строго се забрануваат многу работи.

На деца им е забрането да се качуваат по дрва, за да не скршат врат, а се забранува и капење во реки.

Во некои места се верува дека ако се работи на овој ден постои опасност од поплава, град и бура.

Свети Вартоломеј е заштитник на посевите и строго внимава некој да не ора
Народот верува дека Вартоломеј не им простува на неверниците кои работат на овој ден, со што ризикуваат посевите да им пропаднат.

поврзани објави

Последни објави