8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

ВИДЕО: Амбасадорот на Словачка во посета на Куманово

Амбасадорот на Словачка, Мартин Базак денеска беше во посета на Куманово. Тој направи донација за Куманово, амбулантно возило за брза помош.

Тој се интересираше за состојбите во локалната самоуправа и она што следува во оваа политичка конфузија во македонското општество.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Циц-Дамјановски информираше дека го  го запознал амбасадорот и со потенцијалот со кој располага локалната заедница, со состојбата во економијата во општината и за економската миграција.

„Како познавач на приликите во Македонија, и на Балканот, амбасадорот дава надеж дека кризата во Македонија во скоро време ќе дојде до некаква завршница. Дали преку договор под силно мониторирање на европската заедница, дали со наш, меѓупартиски, македонски договор, тој е убеден дека разрешницата ќе се случи во скоро време“, изјави Дамјановски.

Европската заедница е заинтересирана за стабилна и  европска Македонија и сакаат Македонија да ја вратат на демократскиот пат, да биде демократска и слободна држава, во која ќе владее правото, рече Дамјановски и му се заблагодари на амбасадорот Базак за неговата иницијатива за збратимување со град во Словачка, бидејќи, вели, учеството на земјите од централна Европа во развојот на Балканот било многу видиливо.

поврзани објави

Последни објави