17.8 C
Skopje
Monday, September 16, 2024

Додека Скопје тоне во ПРОБЛЕМИ, Арсовска го враќа Ќосето на нова локација!

Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска го враќаат споменикот на Андон Лазар – Ќосето во Скопје, но на нова локација. На кружниот тек кај „Ист Гејт Мол“ и хотелот „Континентал“ веќе е поставена табла за враќање на споменикот. Екипи на ЈП „Улици и патишта“ го подготвуваат теренот.

Откако Арсовска го презеде мандатот за градоначалник на Скопје, вети дека ќе го врати.

Лани во декември, со 23 гласови „за“, 3 „против“ и 7 „воздржани“ Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот.

Споменикот на Ќосето беше поставен пред зградата на Врховниот суд ноќта меѓу 6 и 7 септември 2014 година, како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, но голем дел од јавноста го гледаше како дел од контроверзниот проект „Скопје 2014“.

Споменикот беше отстранет во февруари 2018 година, на почетокот од мандатот на претходната администрација на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со образложение дека се работи за дивоградба.

поврзани објави

Последни објави