Јавен повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации
Објавен е Јавен повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации од нашите два аеродроми. Министерот Александар Николоски објави дека ќе има нови дестинации за летање од скопскиот и огирдскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Ваквата мера ќе биде наметена за тригодиешен период, односно од 2025 до 2027 година.
360 милиони денари од Владата
Заменик претседателот на Владата којшто е и на позицијата министер за транспорт Александар Николоски објави дека буџетот на средствата за оваа намена ќе биде 360 милиони денари. Тој додаде дека како Влада секогаш ќе се грижат за подобар авиопревоз на граѓаните.
Министерството за транспорт денеска објави ЈАВЕН ПОВИК за поднесување барања за финансиска поддршка за пуштање нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид. Заинтересираните компании можат да се обратат до Министерството за транспорт преку е-пошта“, објави Николоски на својот фејсбук-профил.
Следуваат повеќе инвестиции во авиосообраќајот
Министерот претходната недела на прес-конференција ја образложи оваа тематика. Тој потсети дека Македонија од лидер во регионот во делот на воздушниот собраќај некаде пред 10-15 години, во последниве години се соочува со намалување на бројот на летови, на бројот на дестинации и најважно на бројот на патници кои што доаѓаат во Македонија. Тоа според него се должи на бројни фактори кои дел се од објективен каратактер дел се од субјективен карактер но за истите треба да наоѓаме решенија во периодот кој следува.
Сакам да ја инфомирам јавноста за сет мерки кои што ќе ги превземеме за во текот на 2025 година треба да донесат во Македонија 200 илјади патници повеќе а во годините што следуваат тој број да се зголемува. Со новата програма која ќе започне од 1 јануари и ќе трае до 31. Декемеври 2027 година. Се планира сума од 125 милиони денари годишно односно ќе има зголемување на средствата. Се корегираат условите за авиокомпаниите што ќе учестуваат. Треба да имаат превезено најмалку 5 милиони патници и треба да имаат најмалку 10 милиони евра профит. Мора да се работи за сериозни авиокомпании. Се тргнува условот да линиите се опслужуваат и по завршувањето на суввенциите и ова е главната причина зошто се намалуваше бројот на патниците од аеродромите“, кажа Николоски.
Ќе се субвенционираат дестинации
Министерот посочи дека се воведуваат новини во субвенционирањет на авиокомпаниите.
Една од новитете која ја воведуваме е дека нема да се субвенциираат авиокомпании туку ќе се субвенцираат дестинации. Ја избегнуваме праксата која се субенцирааат 1, 2 или 3 авиокомпании. Со овој начин ја избегнуваме зависноста да субвенциораме една авиокомпанија. Отсега наместо по патник на заминување во Македонија субвенцинираме доаѓање во Македонија. Се зголемува поддршката. Ако претходно беше 7 евра поддршка по патник сега е 9 евра од скопскиот аеродром. Новите дестинации можат да бидат и надвор од ЕУ. Досега се субвенцинираа само аеродроми кои се наоѓаат во земјите во ЕУ, тоа одсега нема да биде така“ рече Николоски