Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова в петок ќе присуствува на гостувањето на Македонската опера и балет во Софиската опера и балет. Македонската опера во Софија ќе се претстави со „Набуко“ од Џузепе Верди. Неофицијално, на операта ќе присуствува и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
Сиљановска ќе биде придружувана од министерот за култура Зоран Љутков и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
На Мајските оперски вечери во Скопје, софиската Опера и балет со операта „Валкира“ ја крена на нозе полната сала на Националната опера и балет во Скопје.