6.8 C
Skopje
сабота, ноември 15, 2025

УБАВА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Собранието ги усвои законските измени – изборното ветување исполнето!

Инаку, просечниот износ на старосните пензии, според статистиката на Фондот, изнесува 22 884 денари, кај семејните пензии тој износ е 16 709 денари, а кај инвалидските 18 830 денари.

Ова линерно зголемување на пензиите е изборно ветување на владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои од 1 септември годинава и од 1 март следната година ќе има линеарно зголемување на пензиите од 2 500 денари месечно.

На 14. седница на Собранието, за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка, „за“ гласаа 78 пратеници.

Ова линерно зголемување на пензиите е изборно ветување на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците на Фондот за ПИОСМ од јуни годинава, вкупно 341 146 лица примиле пензија во државава. Просечната пензија, според статистиката на ФПИОСМ, во јуни изнесувала 21 241 денар, што е 51,5 отсто од просечната нето-плата која изнесува 41 252 денара. Од вкупниот број пензионери, најголемиот дел месецот го туркаат со примања од 13 192 денари до 22 500 денари.

Инаку, просечниот износ на старосните пензии, според статистиката на Фондот, изнесува 22 884 денари, кај семејните пензии тој износ е 16 709 денари, а кај инвалидските 18 830 денари.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците да го поддржат предлог-законот што ќе овозможи линеарно зголемување на пензиите

Според проценките на „Фајненс тинк“, покачувањето од 2 500 денари ќе создаде дополнителен трошок од 13,5 милиони евра месечно, односно 160 милиони евра годишно.

Извор: 360 степени

поврзани објави

Последни објави