Томовски: За да се спречи злупотреба, државните автомобили ќе добијат регистарски таблички со посебна боја
Поради злупотреби на државните пари, владата, на иницијатива на директорот на службата за заеднички работи Ивица Томовски формираше работна група која треба да подготви измени на два закони, со кои треба да се стави крај на злоупотребата на државните ресурси како и крај на лошите практики од минатото за користење на државни возила за приватни цели.
Станува збор за законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и законот за возила.
„Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните. На овој начин, веруваме дека ќе биде оневозможено нивното користење за приватни цели, со што дополнително ќе се зајакне транспарентноста и отчетноста на институциите на државата. Остваруваме уште едно предизборно ветување“, објави секретарот Томовски на социјалните мрежи.
Инаку, комисијата ќе биде составена од преставници на созр, кабинет на претседател на влада, генералниот секретаријат, министерството за финансии, министерството за внатрешни работи, министерството за енергетика и кабинет на министерот за добро владеење.
Целта на оваа комисија е да започне постапка за измена и дополнување на овие два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото