Со мерката „Есенска потрошувачка кошничка“, која се очекува да биде донесена на следната владина седница, ќе бидат опфатени околу 100 производи како што се млекото, млечните производи, месото, шеќерот, брашното, маслото, зеленчукот, видовите овошје. Граѓаните што се надеваат на пониски цени, се изначекаа за есенската кошничка. Економските експерти сметаат дека оваа мерка нема да даде долгорочен ефект против инфлацијата, поради зависноста на земјата од уво
Од страна на Вечер -19/09/2024 – 15:1144
Наместо замрзнување на цените, ќе има ограничување на маржата на 10 отсто. Со мерката „Есенска потрошувачка кошничка“, која се очекува да биде донесена на следната владина седница, ќе бидат опфатени околу 100 производи како што се млекото, млечните производи, месото, шеќерот, брашното, маслото, зеленчукот, видовите овошје. Граѓаните, кои се надеваат на пониски цени, се изначекаа за есенската кошничка. Економските експерти сметаат дека оваа мерка нема да даде долгорочен ефект против инфлацијата, поради зависноста на земјата од увоз.
– Станува збор за мерката „Есенска потрошувачка кошничка“, која им е потребна на повеќето граѓани за храна или за основни производи. Не се работи за замрзнување на цените, туку за ограничување на профитната маржа, бруто профитната маржа на 10 отсто – објави министерот за економија, Бесар Дурмиш.
Тој рече дека веќе е доставен овој предлог до Владата. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека од технички причини не било разговарано за ова прашање на последната седница и оти ќе се расправа за мерката следниот вторник, за кога се очекува да биде одобрена.
– Рековме дека ќе ги решаваме работите преку дијалог, беше постигнат договор и тој ќе биде веќе на следната владина седница. Од технички причини не беше разговарано за ова прашање на последната седница, но сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем. Очекувам на следната владина седница, во вторник,да биде на дневен ред – рече Мицкоски.
Од друга страна, во реакцијата на СДСМ се вели дека мерката нема да даде никаков резултат и дека власта нема ниту желба ниту концепт за намалување на цените на прехранбените производи.
– Доколку Владата не знае, тогаш СДСМ ќе даде конкретен предлог за закон со кој сите граѓани ќе штедат и ќе се амортизира ценовното влијание, а фирмите нема да трпат штети – се наведува во соопштението на СДСМ.