14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Палчо и останатите обвинети кажаа дека не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче

Палчо и останатите обвинети кажаа дека не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче

Љупчо Палевски Палчо и останатите обвинети за убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски – Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски рекоа дека не се чувствуваат виновни.

– Не се чувствувам виновен. Се ставам на располагање, наместо молчење, рече таткото на Вања.

Полномошникот на мајката предјави оштетно побарување и се приклучи на кривичниот прогон против обвинетите.

Обвинителството во воведниот говор кажа дека ќе докажат со материјални и вербални докази дека Палчо со помош на останатите ги убил Вања и Панче.

поврзани објави

Последни објави