7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Поддршката на Каракачанов пресудна за нова влада во Бугарија?

Во 44. парламент на Република Бугарија, партијата на ГЕРБ ќе добие 95 мандати, БСП 80 мандати, „Обединети патриоти“ – 27, ДПС – 26, Волја – 12. Ова е конечното распределување на мандатите , кое ја објави централната изборна комисија во Бугарија.

Во изборите за 44-тиот парламент бројот на избирачите во избирачкиот список е 6 810 341. Бројот на потписи при гласање е 3 682 151 , а бројот на гласачките ливчиња во кутиите – 3 682 493. неважечки гласови се 169 009.

Бројот на гласачите со „Не поддржувам никого“ е 87 850 или 2, 50 % од гласовите.

Варијантите за ново мнозинство во бугарскиот парламент веќе се разгледуваат. Обединетите патриоти на Красимир Каракачанов би можеле да постават услови за поддршка на Владата, и во тој случај Борисов со нивните 27 пратенички мандати да формира нова влада на Република Бугарија.

Коалицискиот партнер на Каракачанов, Владимир Симеонов претходно истакна дека тие имаат услови кои би морале да бидат исполнети и вметанти во новата владина програма.

„Не е задолжително да влеземе во власта. Сакаме во владината програма да бидат вклучени неколку акценти од нашата предизборна платформа“, коментираше Симеонов, кој е лидер на една од партиите во коалицијата, Националниот фронт за спас на Бугарија (НФСБ).

поврзани објави

Последни објави