21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Мицкоски домаќин на Орбан во Охрид: Утре доаѓа унгарскиот премиер – ќе се прошета и до Свети Наум

Охрид утре и задутре ќе биде под засилени безбедносни мерки поради посетата на премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Охридската полиција информира дека ќе бидат затворени повеќе улици за сообраќај за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на унгарскиот премиер и неговата делегација.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај упати известување до сопствениците на патнички и други моторни возила дека треба да ги дислоцираат возилата од паркинг-местата на булеварот Туристичка и улиците Коста Абраш, Цар Самоил и Кејот Македонија.

Во текот на утрешниот ден и задутре на улиците Илинденска и Коста Абраш ќе биде забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај Распаќе, долж булеварите Туристичка и Македонски просветители, улиците Абас Емин и Кирил и Методиј како и регионалниот пат Охрид – Св.Наум.

Безбедносни мерки во сообраќајот задутре ќе бидат преземени и на подрачјето на Пештани и Љубаништа.

Од СВР – Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои на посочените сообраќајници ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.

поврзани објави

Последни објави