Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговори за финаниската измама на апликацијата „Конти“
„Согласно информациите кои ги добив утринава, кривична пријава не е поднесена, но загрижен сум за ваквиот тип пирамидален финансиски потенцијален криминал кој се случува по не знам кој пат во Македонија. Многу слична апликација за граѓаните била констатирана и во 2022 година, и тогаш имало апел до граѓаните да внимаваат. Апелирам граѓаните да внимаваат, да се консулитраат со екеперти дали станува збор за потенцијална измама. А, сите оние кои учествувале како жртви во овој кривично правен настан, ги повикувам да се обратат во МВР за да го истражиме соодветно“, рече Тошковски