7.8 C
Skopje
Tuesday, November 12, 2024

ПРЕТПЛАДНЕ ЗЕМЕТЕ ЧАДОР Облачен и топол есенски ден, со јужен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне се очекува со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер.

Дневната температура ќе се искачи до 23 степени Целзиусови во Скопје, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 26 степени.

Утре претпладне и во петок ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и релативно топло. Температурата во четврток ќе се искачи до 30 степени.

поврзани објави

Последни објави