4.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Утре ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје, еве кои делови да ги избегнувате

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 12.10.2024 (сабота) во периодот од 06:00 до 18:00 часот, поради снимање на филм на мостот Беласица, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

поврзани објави

Последни објави