7.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024

АКЦИЈА НА МВР: Еве колку дилери паднаа во рацете на полицијата!

На 12.10.2024 околу 09.30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово. При контрола во патничкото возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони. Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.10.2024 во 17.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(47) од с.Горно Седларце, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуaна и бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка и куршуми за пушката. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (13.10.2024) во 04.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од село Трубарево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (13.10.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2024 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(33) од Скопје затоа пто кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2024 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2024 во 22.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2024 во 23.50 часот во село Кондово, општина Сарај, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода Ф.Х.(22) од село Кондово затоа пто кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

поврзани објави

Последни објави