7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Филипче: Власта да даде предлог околу кој ќе се обединиме

СДСМ нема да ја кочи македонската евроинтеграција но и нема да биде параван на пропаднатите политики на Мицкоски. Опозицискиот лидер денеска од прилепско Селце побара од власта да покаже лидерство и да понуди реални решенија околу кои ќе може да има обединување.

А власта своето решение го понуди уште во предизборната кампања. Уставни измени со одложено дејство е предлогот кој Мицкоски утре во Берлин ќе го дебатира со европските лидери по што најави дека со писмо ќе ја информира Европа за македонските позиции.

На 7 ноември Мицкоски патува во Будимпешта на состанокот на Европската политичка заедница каде ќе биде на иста маса со бугарскиот Претседател Радев но и унгарскиот премиер Орбан кој уште минатиот месец се понуди да биде посредувач во спорот меѓу двете земји. Средба до овој момент не е договорена, а македонскиот премиер изрази подготвеност со Радев да се сретне во било кое време.

Предлогот на Мицкоски Бугарите да влезат во Уставот тогаш кога Македонија ќе влезе во Европската Унија до овој момент на јавна сцена не добил ниту поддршка ниту критики од Меѓународниот фактор.

поврзани објави

Последни објави