Албанскиот премиер Еди Рама рече дека е тажен за Северна Македонија што не успеала да ги отпочне преговорите со Европската унија, како што тоа денеска го започнува Албанија.
„Се чувствуваме тажни и стотици пати кажувам дека нашите браќа од Македонија сѐ уште не успеаја да влезат во оваа фаза од процесот, иако беа први. Се чувствувам малку засрамено што треба да размислувам за понижувањето на Северна Македонија која го смени и името. Различните ставови за тоа која била мајка на народниот херој и со кого водела љубов, дали биле поврзани кога решиле да водат љубов, се многу интересни теми за историчарите, но мислам дека не се дел од сето она што нѐ поврзува да станеме дел од ЕУ. За нас и за мене, достигнувањето на ЕУ е да научиме да го гледаме патот со очите на иднината“ рече Рама
Одвојувањето на двете земји во овој процес го коментираше и комесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој рече дека Албанија оди по својот пат бидејќи тоа е процес кој се заснова на заслуги.
Албанија формално ги отвори пристапните преговори со ЕУ, заедно со Македонија во јули 2022 година, но Македонија остана блокирана поради условот да се внесат Бугарите во Уставот.