Врши ли притисок државниот обвинител Коцевски врз Вишото обвинителство за бонусите во СЈО
Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 тврди дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе се постапува со предметот и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај. Харулахи како што вели му одговорил на Коцевски дека тој ниту сака ниту има надлежност да се меша во работата на предметниот обвинител Јован Цветановски.
Неколку дена откако стигна предметот по жалба од страна на ОЈО ГОКК, РЈО Коцевски телефонски ми се јави и во разговорот што го имав со него во кабинетот ми рече дека треба да бидме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не треба да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени. Јас на тоа одговорив дека предметот е во фаза на ЈО кој е задолжен со иститот предмет и по проучување иститот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителкот а јас не можам да се мешам во работата на ЈО. “Мустафа Хајрулахи – Виш јавен обвинител.