14.8 C
Skopje
Thursday, October 24, 2024

Почнува сезоната на славите: Се верува дека ова никако не треба да им го подарите на домаќините!

Во Македонија почнува сезоната на слави, а обичаите налагаат гостите да не одат со празни раце. Кога одите да купувате подароци за домаќините запомнете дека има работи за кои се верува дека не треба да се подаруваат.

Се верува дека одредени работи привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на личноста на која ќе ѝ ги подарите.

Остри предмети

Ножеви, ножици и слични остри предмети се верува дека привлекуваат негативна енергија. Можете да ги купувате за себе, но не и да ги подарувате.

Огледало

Се верува дека огледалата носат неволја во животот на човекот кому ги подарувате, па ако купувате подарок за суеверна личност-избегнувајте ги.

Медицински уреди

Мерачи и масажери не треба ниту да ги купувате, ниту да ги прифаќате како подарок.

Садови

Ако сакате да подарите шолја или некој длабок сад, во секое од нив ставете по едно париче. Се верува дека празните садови носат сиромаштија.

Часовник

Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето на часовник на подарок го одбројува времето до смртта. Исто така, се верува дека подарениот часовник може да предизвика заладување на односот и оддалечување.

Паричник

Исто како и со садовите, паричниците не се подаруваат празни. Ако веќе сакате да купите паричник, подарете го заедно со одредена сума во него.

Бисери

Се верува дека бисерите се симбол на вдовиците, па носат само несреќа доколку ги подарите.

Книги

Може да ги подарувате на пријатели и роднини, но не и на партнерот. Се верува дека овој подарок може да создаде немири во љубовниот однос.

поврзани објави

Последни објави