0.8 C
Skopje
сабота, ноември 15, 2025

„Д-р Стојменовски: Нова страница за Делчево – заедно кон напредок и заедништво“

Почитувани сограѓани,
Почитувани идни советници,
Почитувани претставници на медиумите,
Почитувана македонска и делчевска јавност

Денес, на првата седница на новиот состав на Советот на Општина Делчево, со огромна гордост и чест го одбележуваме почетокот на нова ера за нашата заедница. Ова е значаен момент кој носи надеж, можности и голема одговорност за сите нас. Со оваа прилика, сакам да им честитам на новоизбраните советници за нивниот избор и да им посакам успешна, посветена и плодна работа во интерес на нашите сограѓани.
Сакам уште еднаш да упатам честитки до новиот градоначалник г-дин Иван Гоцевски за ноговиот избор,и да му посакам успешна работа.
Ве повикувам да ги оставите на страна личните и партиските интереси и да се обединиме околу заедничката цел – благосостојбата, напредокот и просперитетот на нашето Делчево.

Дозволете ми да ве повикам на заедништво, сплотеност и соработка. Делчево е нашиот заеднички дом, и само преку колективни напори, со отворени срца и чисти намери, можеме да ја градиме неговата иднина. Сите ние – советници, граѓани, институции – имаме света должност да работиме рамо до рамо за подобро утре. Нека нашите одлуки бидат водени од јасна визија за правда, солидарност и напредок, за да создадеме општина во која секој граѓанин ќе се чувствува горд, сигурен и вреднуван.

Исто така, на оваа седница, со голема чест и одговорност, бев избран за претседател на Советот на Општина Делчево. Сакам да им се заблагодарам на сите советници кои ми ја дадоа својата доверба и глас. Благодарност упатувам и до оние кои имаа различни ставови, и не ме поддржаа и не гласа за мене,тоа е врв на демократија,но учествуваа во процесот – токму различностите во мислењата и демократскиот дијалог се темелот на најдобрите решенија за нашата заедница.

Ве повикувам сите да работиме заедно за доброто на Делчево – за негов напредок, просперитет и транспарентност. Не постојат „наши“ или „ваши“ проекти – постојат само лоши и добри идеи. Ги повикувам сите кои имаат конструктивна идеја или укажуваат на проблем да се приклучат во заедничката работа. Да создадеме вистински проекти кои ќе ги реализираме заедно, внесувајќи нова енергија и посветеност. Тоа е она што му е потребно на Делчево – единство, работа и резултати.

Ви благодарам за вашата доверба и поддршка. Нека овој ден биде почеток на нова страница за нашата општина – страница исполнета со успеси, соработка и гордост за нашиот заеднички дом Делчево.

Ви благодарам!
Искрено Ваш Д-р Николчо Стојменовски
Нов Претседател на советот на општина Делчево

поврзани објави

Последни објави