14.8 C
Skopje
Thursday, October 24, 2024

Жена која била во посета на скопската Зоолошка побарала да се тестира за птичји грип

Жена која била во посета на скопската Зоолошка побарала да се тестира за птичји грип

Локално
МакедонијаСкопјеСлајдер
Жена која била во посета на скопската Зоолошка побарала да се тестира за птичји грип
22/10/2024 13:59 36 прегледи
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска информира дека посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Според Андоновска, жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот.

Тестираните вработени во Зоолошката градина немаат птичји грип, информираат од Институтот за јавно здравје. Еден од вработените пред некој ден имал температура и дијареја, додека вториот тестиран не е на списокот од 16 вработени доставени од Зоолошката градина, денеска се пријавил во ИЈЗ со тековни симптоми.

Надлежните смируваат дека пренос на птичји грип од животно на човек на отворено е теоретски невозможно. Граѓаните коишто ја имаат посетено скопската Зоолошка градина можат да бидат спокојни. Ризик може да има само ако некој без заштитна опрема бил во контакт со мртво животно.

Од АХВ информираат дека од Зоолошката градина не биле информирани ниту за угинатото животно, ниту за сомнежот, ниту пак, за резултатите што ги добиле дека е детектиран птичји грип. Вчера немаше одговор или став од Зоолошката и Град Скопје.

Зоолошката градина останува затворена веќе четврти ден, но остануваат и недореченостите меѓу одговорните лица, менаџментот, синдикатите и властите.

поврзани објави

Последни објави