10.8 C
Skopje
Thursday, October 24, 2024

(РЕЦЕПТ) Шампонот со сода бикарбона може да ви ја спаси косата

Сода бикарбона наоѓа широка примена во домаќинството и домашната козметика, како и во кујната. За да го подобрите видот и состојбата на косата, можете да ја користите како замена на шампонот. Во почетокот ќе ви е чудно, заштоа што сите сме навикнати да ја мијеме косата со производ кој прави пена. Но, ако ја пробате еднаш, ќе се убедите во резултатот.

За да ја постигнете целта измешајте 3 литри вода со 1 пакување сода бикарбона. Ако косата ви е кратка, околу 1 лажица сода е доволна. За коса со должина до рамена користете 2-3 лажици со три пати повеќе вода. Истурете ја готовата смеса во шише, кое може да го користите полесно.

При миење – натопете ја косата и нанесете од производот од коренот до врвовите на влакната. Оставете да отстои 3 минути. Потоа измијте ја косата со топла вода. Потоа за крај можете да ја натопите водата со јаболков оцет, растворен во вода. Односот помеѓу оцетот и вода е 1: 4. Ако мирисот на оцет ви смета (иако тој брзо испарува), додадете неколку капки етерично масло – од рузмарин, лаванда, нане. Наведнете ја главата наназад кога ја нанесувате оцетната вода, за да не ви влезе во очи.

Овие процедури ќе ви го исчистат темето од секакви нечистотии и покриени материи од козметичките производи. Во почетокот можете да користите една лажичка сода во шампонот. А по некое време ќе може да преминете кон горенаведениот рецепт.

Еве и еден одлична рецепт за тие што ја губат својата косата и имаат огромен проблем со опаѓање. Кај тешките форми применувајте 1-2 пати неделно, со што ќе ја оставите да отстои 2-4 часа.

Измешајте 2 лажици рицинус, 1 лажица мед и 1 жолчка од јајце. Промешајте добро. Се нанесува главно во корените.

поврзани објави

Последни објави