14.8 C
Skopje
Thursday, October 24, 2024

Фон Дер Лајен: Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската Комисија во следните пет години

На заедничка прес-конфернција со Мицкоски
Фон Дер Лајен: Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската Комисија во следните пет години

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.

– Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.

поврзани објави

Последни објави