22.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Перински: Отпочнавме процес за воведување на комунална полиција

Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Уште во првите 100 дена успеавме да ги алоцираме првите над 4 милијарда денари за финансирање на 274 проекти во 77 општини. Ќе продолжиме и во наредните години, со алоцирање на нови 250 милиони евра на годишно ниво, истакнав на денешната, трета по ред
Платформа 100% ПОСВЕТЕНО ЗА ТЕБЕ, на која во фокусот беа земјоделието, животната средина и локалната власт.

Отпочнавме процес за измена на Законот за локалната самоуправа со цел да ја подобриме функционалноста на локалната самоуправа во служба на граѓаните, при што се фокусираме на две приоритетни прашања, можноста за отповикување на градоначалник и воведување на комунална полиција.

Граѓаните ни се најважни, а нивното задоволство за нас е најважниот показател за успешноста на тоа што го работиме.

поврзани објави

Последни објави