22.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Јанушев: Бугари во Устав само ако се добие гаранција дека ова е последно барање на бугарите

Генералниот секретар на Владата – Игор Јануишев во гостување на тв21 рече дека внесувањето на Бугарите во Уставот воопшто не е проблем, но требаат гаранции дека тоа ќе биде последното барање.

„Бугарите во Уставот не е проблем. Она што го бараме, е да имаме гаранции, дека нема понатаму да излезат уште 150 барања. Ова е тоа што е последно, и после тоа нема да има дополнителни барања. Ова е преседан, ниту една членка на ЕУ, ниту една земја која преговара во ЕУ, не и биле наметнати билатерални проблеми, решавање на истите како еден од условите за влез во Унијата“ – рече Јанушев.

Одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ е во тајна коалиција со ДУИ, рече дека СДСМ е несериозна опозиција во моментов, и смета дека тоа не е добро за власта.

„Најискрено сметам дека на власта и треба силна опозиција, а не каква што во моментов е СДСМ. Најпрво ќе им порачам на СДС да се фокусираат на внатрешните проблеми, на Владата не и треба опозиција како СДС во моментов, но искрено сметам дека ни треба силна опозиција, а не која е тотално без компас и која времето го троши на неразумни изјави“, рече Јанушев.

поврзани објави

Последни објави